Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Макфакс
/ 25.04.2024 / 20:32

Премиерот на Хаити, Ариел Анри, официјално поднесе оставка од сегашната функција, соопшти денеска неговиот кабинет, а во меѓувреме земјата ќе ја води преоден совет кој ќе се обиде да го врати мирот во земјата среде пустошот предизвикан од широкото насилство на бројни банди.

Министерот за финансии Патрик Бојсверт привремено ќе ја извршува функцијата премиер, објавено е во официјалниот национален весник.

Во писмото од средата, кое беше објавено денеска на социјалните мрежи, Анри напиша дека неговата администрација „ѝ служеше на нацијата во тешки времиња“.

Владата во заминување на Хаити го официјализираше процесот на транзиција пред две недели, еден месец откако Анри ја објави својата оставка додека беше надвор од земјата, бидејќи вооружените банди се заканија дека ќе го заземат главниот град.

Насилството од бројни банди, кое со години се влошуваше, ескалираше на почетокот на оваа година.

Според неодамнешните податоци на Канцеларијата на Обединетите нации во Хаити (БИНУХ) од јануари до март оваа година загинале или се ранети повеќе од 2.500 луѓе, што е за 53% повеќе отколку во последните три месеци од 2023 година.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе