Денеска молк, утре двојни избори

1 814 317 избирачи утре ќе можат да го остварат своето право на глас за вториот круг од претседателските избори а за парламентарните 1 815 350 избирачи.

Разликата во гласовите е 1 033, како што посочија од ДИК, поради оние граѓани што во меѓувреме станале полнолетни. На територија на целата држава ќе се гласа на 3480 избирачки места

Гласање на дијаспората ќе има само за вториот круг од претседателските избори на 31 гласачко место а во посебниот извод на Избирачкиот список за лица кои се пријавиле за гласање во дипломатско конзуларните претставништва запишани се 2 569 избирачи .

Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе бидејќи немало доволен број на пријавени државјани . Од МВР веќе информираа дека се спремни за изборниот ден .

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се 1303 домашни набљудувачи и 860 странски . За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 83 странски новинари.