Профитот на Рајанер значително се зголеми

Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер забележа годишен скок на профитот за повеќе од една третина и објави дека поскапувањето на цените се забавува. Ирскиот авиопревозник објави 34 отсто пораст на добивката по оданочување на 1,92 милијарди евра за деловната година до крајот на март, откако бројот на патници се зголеми за девет отсто на 183,7 милиони и покрај суспензијата на испораките на авиони Боинг.

Рајанер соопшти дека скокот на приходите од 25 отсто, на 13,44 милијарди евра, помогнал да се надомести скокот на трошоците за гориво. „Остануваме претпазливо оптимисти дека врвните летни билети во 2024 година ќе бидат стабилни или скромно повисоки од минатото лето“, рече извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири.

Тој предвидува раст на бројот на патници од 8 отсто следната година, на 200 милиони, но додава дека е рано да се даваат прогнози за профитот. Рајанер соопшти дека очекува да додаде 23 нови авиони Боинг 737 Гејмчејнџер во својата флота до крајот на јули, но тоа е неизвесно поради доцнењето на испораките. Рајанер имаше 146 авиони на крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот