logo
logo
logo

Поништена е пресудата за „холивудскиот предатор“, кој во 2020. беше осуден за силување

Vecer | 25.04.2024

Поништена е пресудата за „холивудскиот предатор“, кој во 2020. беше осуден за силување

Највисокиот државен суд утврдил дека судијата на судењето наводно „го оштетил поранешниот филмски магнат со неправилни пресуди, вклучително и одлуката да им се дозволи на жените да сведочат за наводи кои не биле дел од случајот“.

Пресудата на Апелациониот суд ќе значи дека веројатно повторно ќе се отвори болното поглавје во справувањето со сексуалното недолично однесување на моќните личности.

Сè започнало во 2017 година со „поплавата“ од обвиненија против Вајнштајн, а сега жените кои го обвинија за злоупотреба може да бидат принудени повторно да ја преживеат траумата, на говорницата за сведоци.

Да потсетиме дека во март 2020 година, Харви беше осуден на 23 години затвор во Њујорк, откако беше прогласен за виновен за принудување на една жена на орален секс и силување на друга жена.

Вајнстин беше прогласен за виновен за силување на актерката Џесика Ман и принудување на неговата поранешна асистентка Миријам Хејли на орален секс.

Тој беше обвинет дека користел моќ и влијание за да добие пристап до своите жртви и потоа извршил насилни злосторства против нив.

Ман го обвини Вајнстин за силување во март 2013 година, а Хејли дека ја принудил на орален секс во јули 2006 година и дека се обидел да ја силува додека имала менструација.

Вајнштајн потоа пристигнуваше во судницата во инвалидска количка.

Во јануари 2021 година американската судијка Мари Валрат одобри отштета од 17 милиони долари, кои компанијата на Харви Вајнстин требаше да им ги плати на жртвите на сексуалното вознемирување и силување извршени од познатиот продуцент, наречен „холивудски предатор“.

- Точно е дека судијката Мари Валрат на денешното рочиште го одобри планот за порамнување - изјави тогаш адвокатот Пол Зумбро.

Тој додаде дека се „задоволни од пресудата на судијката Валрат, особено ако се има предвид дека сега постои механизам кој им овозможува на жртвите да добијат паричен надомест за време на траењето на парницата“.

– Судијата одобри план за обештетување на жртвите за сексуално насилство извршено од Харви Вајнштајн во износ од 17 милиони долари – изјави Пол.

Исплатата од 17 милиони долари требаше да биде поделена на повеќе од 50 жртви, пишуваат светските медиуми, така што секој од нив поединечно треба да добие нешто повеќе од 500.000 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk