Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Билал Касами, претседателот на Беса и еден од лидерите на „Вреди“, денеска на тетовскиот плоштад рече дека уште утре е можно да биде објавена новата владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
-Од утре веќе можеме да ја објавиме коалицијата за промени меѓу ВМРО и ВЛЕН, ова на тетовскиот плоштад го рече Билал Касами од коалицијата ВЛЕН, пренесува ТВ21..
Касами рече дека тие се победници во албанскиот политички табор, а истовремено се заблагодари и на дијаспората.
„Во оваа импозантна атмосфера прогласуваме победа во албанскиот политички табор. Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник на овие избори и за ова и благодариме на дијаспората која дојде да гласа за промени, благодарение на нив... уште еднаш покажаа дека во родниот град се меѓународен фактор и во овој случај им благодариме од се срце за секој добиен глас. 100 илјади пати благодарам дијаспора“, рече Касами.