Импресивната бројка на аукција го надминува и Mustang Bullitt од 2019 година, продаден за 300.000 долари

Првиот 2024 Ford Mustang GT е продаден за 490.000 долари на аукција на Barrett-Jackson’s Scottsdale. Благодарение на дополнителните донации, автомобилот донел вкупно 565.000 долари.

Импресивната бројка на аукција го надминува и Mustang Bullitt од 2019 година со шасија 001, кој бил продаден за 300.000 долари пред неколку години. Сепак, тоа е далеку под Mustang Shelby GT500 од 2020 година, кој достигна неверојатни 1,1 милиони долари.

Без разлика, вистинскиот победник е JDRF – Фондација за истражување на малолетнички дијабетес, која ќе ги добие сите 565.000 долари за истражување на дијабетесот.

Победникот на аукцијата ќе ја добие најновата четврта генерација на Mustang со целосно нов дизајн и 5.0-литарски Coyote V8 кој може да се спои или со мануелен или со 10-брзински автоматски менувач. Моторот има нов индукциски систем со двојно придушување и тоа му помага да развие 487 КС (358 kW) и 566 Nm вртежен момент.

Покрај новиот и подобрен V8, новиот Mustang GT е опремен со Performance Package, кој вклучува потпорен носач, диференцијал со ограничено пролизгување, Brembo сопирачки и помошен ладилник за моторно масло. Купувачите можат да добијат и активна суспензија MagneRide и седишта Recaro.

Покрај подобрените перформанси, новата генерација добива и високо технолошко преуредување кое вклучува 12,4-инчен дигитална инструмент табла и 13,2-инчен инфозабавен систем. Ним им се придружува подобрен ентериер со поквалитетни материјали и минималистички склопни уреди.

Ford засега не ја открива цената, но познато е дека новиот Mustang ќе пристигне во дилерските салони ова лето.