Кремаста и вкусна, совршена за ручек: Посна мимоза салата е сѐ што ви треба од првиот до последниот ден од постот

Точка

01/04/2024

21:16

16.382

Големина на фонт

а а а

Оваа салата не е само за оние кои постат, туку сите останати ќе уживаат во нејзиниот вкус.

Доколку постите тогаш сигурно понекогаш ќе немате идеја за ручек и вкусни оброци кои брзо се подготвуваат.

Освен зеленчук во оваа салата има и посен мајонез, па таа е совршена за во текот на посните денови.

Таа се подготвува многу брзо, а исто толку брзо ќе исчезне од чинијата зошто е превкусна и кремаста.

Состојки:

- 300 грама посен мајонез;
- 2 моркови;
- 2 помали компири;
- 5 кисели краставички;
- 5 лажици пченка;
- 160 грама туна;
- 1 лажичка сол;
- 2 лажици пржен сусам.


Подготовка:

Зеленчукот измијте го, а потоа излупете го и ставете го да се вари. Посолете по вкус. Кога ќе се свари исцедете ја водата и оставете да се излади.

Во чинија ставете малку мајонез, па морков, може рендан на покрупни парчиња, па мајонез, а може меѓу смесите и малку сусам. Потоа додадете пченка, па мајонез, па сусам, па краставички, па мајонез, па сусам.

Туната добро исцедете ја, па додадете ја во салатата одгоре, а потоа повторно додадете мајонез и сусам. На крај додадете го ренданиот компир и сусамот. Компирот изрендајте го на покрупно.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг