Спасовски: 33 години СДСМ не се откажува од иднината!

„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е вграден во темелите на современата македонска држава, социјалдемократскиот код на нашето општество е двигателот на државата кон нашата иднина – ЕУ“, пишува на друштвените мрежи Оливер Спасовски,

Тој додава дека низ годините „бевме исправени пред бројни предизвици кои ги надминавме со ум и со срце и влеговме во длабоки промени, за слободна, современа, прогресивна и европска Македонија, за која одлучно продолжуваме заедно и од која не се откажуваме“.

„Бидејќи, создадовме партија која е отворена за сите граѓани со концептот Едно општество за еднакви можности за сите. И сите заедно, денеска, и утре и секој ден, ја испраќаме силно пораката, дека СДСМ ги чува демократијата и слободата во државата! Со СДСМ Македонија има европска иднина! Нема да се откажеме од европска иднина за сите!“, вели Спасовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното