• Иван Димовски
Тибо Куртоа по промената на селектор се врати во репрезентацијата на Белгија. Тој претходно го бојкотираше националниот тим и селекторот Доменико Тедеско, а сега со именувањето на Руди Гарсија голманот реши да се врати.
Тоа ја подели белгиската јавност, а доскорешниот голман Коен Кастелс кој бранеше наместо Куртоа јавно го критикуваше потегот. Тој дури и се повлече од репрезентацијата поради неправда, а и тоа предизвика бура реакции. Сега коментар за ситуацијата даде и самиот Тибо Куртоа, кој кажа:
„Го разбирам Кастелс бидејќи беше број еден, не е лесно да се препушти тој статус. Никогаш сум немал проблеми со играчи или групи. Фактот дека сум повторно тука покажува дека проблемот беше во една личност. Фудбалскиот сојуз од почетокот сакаше да ме врати во тимот и сега решив дека е време. Не знам за што зборува Кастелс, ако сакате јавно да зборувате, тогаш кажете сè“.
Освен Куртоа, пред новинарите своето мислење го изнесе и Јури Тилеманс. Тој застана во одбрана на голманот.
„Коен изговори бомба која не ни беше потребна во моментов. Кажа што мислеше дека треба, ама Тибо го изнесе својот став пред тимот. Важно е да се сфати дека ние како група одредени работи ги разбравме погрешно, а Куртоа воопшто не ги мислел така“, изјави Тилеманс.
Сега во репрезентацијата на Белгија се врати Тибо Куртоа, меѓутоа настапите ги откажа Коен Кастелс.