Со експлозив е разнесен банкомат во Бутел, не успеале да ги земат парите

Инцидентот се случил рано утринава во скопски Бутел на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Неофицијално, три возила се оштетени во експлозијата. Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

„На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале“ – велат од МВР.
 

Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.