• Саше Љолес

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, повторно го пофали својот главен пулен, Никола Јокиќ, кој според многумина ја игра убедливо најдобрата сезона во НБА кариерата.
Денвер повторно е во одлична форма, а со Јокиќ ја паркетот изгледа навистина силно, нешто што го потврдува и самиот предводник на екипата, кој го истакна и моментот кога Србинот погоди со една рака преку целиот терен.
„Јокиќ ме размази со неговите уметнички потези, тој е вистинска кошаркарска романтика. Мислам дека и гледачите се забавуваат кога го гледаат, но и целиот аудиториум ширум светот. Денес беше повторно неверојатен, целата сала скокна кога погоди преку целиот терен.
Имаме добар моментум, сакам да го задржиме и да ја темпираме формата за плеј-офот. Одиме чекор по чекор до зацртаната цел“, рече Мелоун.
Денвер го совлада тимот на Јута со убедливи 129-93, а Јокиќ повторно беше прва „виолина“ на паркетот со 27 поени, 14 скока и шест асистенции.