ВИДЕО | Интер Мајами влезе во победничка серија, Меси постигна два гола и двапати асистираше

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Тимот на Интер Мајами влезе во мини-серија и ја запиша третата победа во низа совладувајќи го Њу Ингланд на гостински терен со 4:1. Главен актер на натпреварот беше Лионел Меси кој постигна два гола и подели две асистенции.

Со добрите резултати на Интер Мајами во овие натпревари се поклопува и добрата форма на Меси кој се запиша во листата на стрелци на три натпревари во низа и така со девет гола сега е прв помеѓу стрелците.

Домашниот тим поведе уште во првата минута, меѓутоа потоа на сцена стапи Меси кој се погрижи за целосен пресврт и убедлива победа на крај.

Интер Мајами во првенството е најефикасен тим со 26 гола, пет повеќе од Лос Анџелес Галакси. Меси на последните четири натпревари има учинок од шест гола и пет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот