Кога тинејџерот О.Т. Харис од Тенеси, САД, станал чирак во локалната противпожарна служба, сфатил дека неговите шефови му се како семејство. Имено, тие ѝ помогнале на неговата мајка кога го родила пред 18 години.

На Нова година пред 18 години Латиша Хол родила бебе, два дена пред закажаниот термин. Кога контракциите почнале даѝ се засилуваат, нејзината мајка повикала итна помош, но побрзо реагирале пожарникарите.

Хол не знаела дека нејзиниот син и пожарникарите што ѝ помогнале ќе се сретнат повторно додека О.Т. не бил примен на летната програма за платено стажирање. На првиот ден на работа, О.Т. преку разговор со пожарникар открил дека тие се поврзани. Марк Вилбенкс, помошник-командант и ментор на О.Т., се сеќавал на раѓањето.

„Јас само помогнав, а неговата мајка ја заврши целата работа“, истакнал тој.

Според Вилбенкс, О.Т. го импресионирал целиот тим со својата харизма и мотивација. И, секако, тие го сметаат за дел од нивното противпожарно семејство.

Извор



912

X