Израелски медиуми: Посредниците напредуваат кон договор за прекин на огнот во Газа

Израел во меѓувреме планира да ја прошири својата офанзива кон најјужниот град Рафа, на границата меѓу Египет и Газа.

Посредниците постигнуваат напредок во напорите за постигнување договор за еднонеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на десетици заложници кои се држат во Газа и палестински затвореници од израелските затвори, јавија денеска израелските медиуми.

Воениот кабинет на Израел доцна синоќа се состана за да разговара за предлогот, но официјално не е соопштено што е одлучено.

Неколку израелски медиуми, повикувајќи се на неименувани функционери, јавија дека договорот е премолчено одобрен, и оти Израел ќе испрати делегација во Катар за продолжување на разговорите.

Хамас соопшти дека сè уште не е вклучен во последниот предлог на САД, Египет и Катар, но рамката на договорот за кој се известува во голема мера се совпаѓа со претходните барања на палестинската исламистичка група за првата фаза од примирјето. Лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије, беше во Каиро минатата недела.

Израел во меѓувреме планира да ја прошири својата офанзива кон најјужниот град Рафа, на границата меѓу Египет и Газа, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа побегнаа од конфликтот и живеат во шатори, преполни станови и засолништа.

Организациите за помош предупредија на катастрофа, а САД и другите сојузници на Израел рекоа дека мора да се избегне нанесување штета на цивилите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека оваа недела ќе свика седница на владата на која „ќе го одобри оперативниот план за акција во Рафа“, вклучително и евакуација на цивили.

Висок функционер од Египет, кој посредува со Катар меѓу Израел и Хамас, вчера изјави дека нацрт-договорот за прекин на огнот вклучува ослободување на 40 жени и постари мажи заложници во замена за околу 300 палестински затвореници, главно жени, малолетници и постари лица.

Анонимен египетски функционер рече дека предложената шестнеделна пауза во конфликтот ќе им овозможи на стотици камиони секој ден да носат помош која е очајно потребна во Газа, вклучувајќи го и северниот дел на опколената територија.

Тој рече дека двете страни се согласиле да ги продолжат преговорите за време на паузата за понатамошно ослободување и траен прекин на огнот.

Кабинетот на израелскиот премиер не одговори на барањето да ги коментира дискусиите одржани во Воениот кабинет, ниту пак на извештаите на израелските медиуми.

Посредниците се соочуваат со неофицијален рок на почетокот на светиот муслимански месец Рамазан кој почнува на 11 март, кога тензиите меѓу Израел и Палестинците често се интензивираат.

Хамас претходно соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите заложници додека Израел не ја прекине офанзивата, не ги повлече силите од палестинската територија и исто така побара ослободување на стотици палестински затвореници, вклучително и екстремисти, што Нетанјаху го одби.

Меѓутоа, во претходниот предлог, Хамас предвидуваше почетна фаза слична на нацрт-договорот за кој сега се известува, навестувајќи дека двете страни би можеле да се договорат за привремен прекин на огнот во војната што почна на 7 октомври со терористичките напади на Хамас во јужен Израел. /МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер