Ванковска: Тоа што некои медиуми веќе ги соопштиле победниците не е демократски однос

Кандидатот за претседател на државата предложен од Левица, Билјана Ванковска вечерва изјави дека двојно зголемената излезност во споредба со претседателските избори од 2019 година, зборува за поголемата понуда што ја имаа граѓаните, но и за потребата на гласачите да го искажат својот глас.

Таа оцени дека тоа што некои медиуми веќе ги соопштиле победниците не е демократски однос.

„Тоа ме враќа малку на мојата прва прес-конференција, тоа беше на 7 февруари кога Левица ја објави намерата да собира потписи и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе му ги даде гласовите во вториот круг. И тоа прашање очигледно ме следи се до завршувањето на првиот овој изборен ден. Повторно велам фаворитите се наводно утврдени што малку ја убива возбудата кај граѓаните и верувам дека мнозина од нив тргнале со намера да дочекаат изненадување. Не зборувам само за мене, туку за кој било од противкандидатите, така што мислам дека тоа повторно покажува фаворизирање она што постојано го потенцирам дека кога медиумите дури и наводно анализираат или покануваат аналитичари еден од штаб, друг од другиот штаб создаваат претстава кај граѓаните дека сите други се аутсајдери, маргиналци, луѓе кои залутале во политиката што не е баш демократски однос би рекла кон сите нас“, вели Ванковска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното