Орданоски: Програмата на Силјановска е антизападна и е рецепт за катастрофа во надворешната политика

Сашо Орданоски / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. Треба да се има предвид вели Ордановски дека следат и парламентарните избори, тоа значи се почнува од нула, а дополнително што изборниот модел и донтовиот модел на големите партии им дава предност.

Што се однесува до изборната трка за претседател очигледно е дека Гордана Силјановска Давкова е во огромна предност пред сегашниот претседател Стево Пендаровски, но треба да се знае дека ако таа стане претседател на државата, нејзините ставови можат да го отежната процесот на европски интеграции.

„Гордана Силјановска не мисли да се мрдне од своите позиции. Она не е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За промена на Уставот и за надворешната политика, на Македонија, тоа е еден концепт буквално на националсоцијалистички концепт. Она во својата тврдост можеби е потврда од ВМРО-ДПМНЕ. Жената е идеологизиран, доаѓа од едно минато време, таа и самата го кажува тоа. Нејзината програма е антизападна и ќе нè успори на сите начини. Тоа е рецепт за катастрофа во надворешната политика“, изјави уредникот и колумнист Орданоски.

Ордановски смета нејзините ставови можат да бидат и дисонантни со оние на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат пресреќни со Гордана Силјановска Давкова бидејќи мислам дека не им се поклопуваат во прагматичноста политичките потреби што ќе ги искажат. Гордана Силјановска е на крајот на својата политичка кариера, доколку успее да победи за претседател тоа ќе биде тој мандат“, потенцираше Орданоски.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот