Регион

Црна Гора: „Воли“ претстави нов бренд

29 мар 2024

Црногорската компанија го претстави новиот бред од сопствено производство наречен Naša farma.

 Капацитетот на фармата во Спуж е 750 прасиња, но како што наведуваат од компанијата целта е овој број да достигне до 1.000.

 Како дел од новиот асортиман, компанија ќе понуди свежо месо, како што се свинскиот бут, свинскиот врат и свинска плешка.

 Ова месо ќе се карактеризира со свежина, затоа што од од кланицата до полиците на „Воли“ месото ќе се најде само за еден ден, соопштуваат од компанијата.

Покрај тоа, со ова сопствено производство, компанијата ја намалува и потребата за увоз на месо.

Црна Гора заслужува да има свежо месо од домашна фарма, изјави Јарослав Ступавски, директор на агробизнис секторот на „Воли“.

 Тој додал дека во следниот период во план е надограбда на сепараторот, правање на нови лагуни и воведување на опрема за уништување на непотребната миризби.  

 

Извор: Vijesti.me

Фото: „Воли“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...