[ФОТО] Џенифер Лопез, Пенелопе Круз и Кејти Холмс ги популаризираа овие фармерки – со нив нема грешка, а прекрасно изгледаат

Точка

21/03/2024

12:30

5.637

Големина на фонт

а а а

Тесните фармерки кои ја истакнуваат фит силуетата, често се главни парчиња во изборот на познатите личности.

Со секое модно парче со кое ги вклопуваат, целокупниот стајлинг го прават да изгледа сексапилно и привлечно.

Меѓутоа, сега изгледа дека наративот малку се менува, па сведочиме дека опуштеноста полека се движи кон врвот на модата.


Опуштениот тексас моментално е еден од најголемите трендови, а за да го постигнете тој изглед без многу напор, ќе посакате да си најдете фармерки со широки ногавици, т.н. ѕвонарки.

Треба да се угледате на познатите трендсетерки кои неодамна биле забележани во нив. Токму Џенифер Лопез, Пенелопе Круз и Кејти Холмс биле забележани како го носат овој опуштен стил и не можеме да не кажеме да изгледаат целосно шик.


Холмс носела лесни фармерки со широки ногавици со впечатливи, розови хулахопки кои се истакнале, на настан претходно годинава, додека Лопез била забележана во тексас којшто го искомбинирала со елегантен, кафеав блејзер.


Пенелопе Круз одлучила да носи „Шанел“ бајкерска јакна со мотиви на детелина со четири лисја и традиционални копчиња од брендот во комбинација со широките фармерки.

Што мислите вие за овој тренд?



Спонзорирани линкови

Маркетинг