Верстапен најбрз на кинеското Гран при

Макс Ферстапен повеќе од рутински триумфираше на трката за Големата награда на Кина во Формула 1 шампионатот, зацврстувајќи се на првото место во генералниот пласман на шампионатот.

Возачот на Ред Бул тргна од пол-позицијата и без никаков проблем го сочува првото место до крајот на трката, додека останатите возачи се бореа за другите позиции, при што најзадоволен може да биде Ландо Норис.

Мекларен обезбеди втора позиција на трката со одличното возење на Норис, кој успеа да го остави зад себе Серхио Перез и да ги раздели двајцата возачи на шампионот Ред Бул.

Ферстапен стигна до 58. победа во Ф1 кариерата, но првпат триумфира во Кина, каде шампионатот се врати по пауза од пет години. Зад водечкото трио се најдоа членовите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саин, а во првата десетка се и Расел, Алонсо, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг.

Следната етапа во Ф1 ќе се одржи од 3-5 мај во Мајами, САД.