Насловна / Архитектура / Наградата EU Mies 2024 за иновативен студентски павилјон во Германија

Наградата EU Mies 2024 за иновативен студентски павилјон во Германија

Фондацијата Mies van der Rohe и Европската комисија ги објавија добитниците на Европската награда за современа архитектура – Mies van der Rohe Awards 2024, за која беа номинирани 362 архитектонски дела.

Добитник на наградата за архитектура за 2024 година е Павилјонот за учење во кампусот на Техничкиот универзитет во Брауншвајг, Германија, на архитектите Густав Дисинг и Макс Хаке, двајцата со бироа во Берлин.

Наградата за архитектура во подем (Emerging Architecture Prize) оваа година припадна на Библиотеката Габриел Гарсија Маркез во Барселона на бирото SUMA Arquitectura, основано од Елена Орте и Гиљермо Севиљано во Мадрид.

Бескомпромисна и внимателно детализирана структура

Иновативната зграда на кампусот во Брауншвајг проектирана е да го задоволи академскиот пејзаж кој се развива во светот по пандемијата. Со дигиталните предавања и вештачката интелигенција кои ги предизвикуваат традиционалните модели на учење, улогата на универзитетскиот кампус повторно се обмислува, објаснија архитектите по завршувањето на проектот во 2022. година.

Жирито за наградата EU Mies 2024 ја нагласува важноста на архитектурата која го истражува потенцијалот да го промени начинот на размислување и политиката, како и важноста за негување на инклузивноста, се посочува во официјалното соопштение.

Проектот на авторите од Берлин награден е за неговата способност да ги предизвика ограничувањата и сликите на одржливоста, создавајќи пријатна и разиграна средина за учење, соработка и собирање на заедницата преку бескомпромисна и внимателно детализирана структура, наведе жирито.

„Проектот зел јасна архитектонска идеја, ја испитал и ја довел до крајни граници; повеќе од зграда, може да се сфати како сестран систем, кој ги спојува технолошките пронајдоци со флексибилен принцип што може повторно да се употреби“ – се вели во соопштението.

Исто така, интересно е да се напомене дека авторите Дисинг и Хаке се најмладите добитници на наградата за архитектура EUmies Awards досега. Своите бироа ги отвориле во 2015 година и истата година заеднички победиле на конкурсот за изградба на овој иновативен центар за учење.

Библиотека прилагодена на условите на опкружувањето

Објектот на библиотеката Габриел Гарсија Маркез се наоѓа во густиот урбан центар на градот Барселона, и токму овој контекст ја прави геометријата на конструкцијата да се прилагоди на условите на околината.

„Библиотеката делува на ниво на градот, придонесувајќи за трансформација на соседството отворајќи се како нов надворешен и внатрешен јавен простор“, рече жирито за проектот на шпанските архитекти.

Жирито додава дека дрвената структура на библиотеката се одвива како богата низа на „монументални и домашни простори кои ги поздравуваат соседите и граѓаните“, пружајќи им удобна атмосфера за учење, тимска работа и ангажирање на заедницата.

„Со внимание посветено на деталите, авторите темелно ја испитале и ја довеле библиотечната програма до нејзиниот целосен потенцијал. Авторите Елена Орте и Гиљермо Севиљано го основале своето биро SUMA Arquitectura во 2005 година и победле на конурсот за изградба на библиотека во 2015 година“, се вели во образложението.

Церемонијата на доделување на 14. мај во Барселона

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во павилјонот Mies van der Rohe во Барселона, во контекст на Денот на додела на наградите EUmies, на 14 мај оваа година, со што се отвора манифестацијата на Неделата на архитектурата во Барселона.

Испрати коментар

Scroll To Top