ЛГБТ заедницата ја поздравува пресудата на судот во Неготино што е прва од 140 поднесоци

Од вкупно 140 поднесоци донесена е само една пресуда за говорот на омраза против лгбт заедниците, останатие се во сдуските лавиринти, велат од скопскиот Квир центар.

На социјалната мрежа Фесбук под споделена медиумска содржина, лице упатувало возменирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата. Тој со тоа сторил кривично дело „Ширење на растистичка и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Судот му изрече условна казна во траење од една година.

Малкуте пресуди и за други основи за говор на омраза се незначителни, велат од Квир центароти додаваат дека со тоа се кажува дека не се препознава говорот на омраза, иако е многу присутен на социјалните мрежи.

Според Кривичниот законик, за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидена е казна затвор од една до пет години.