Реакции – црн ден за новинарството: Наградена фотографијата со телото на убиената Израелка како ја возат терористи на Хамас
Бурни реакции се појавија околу наградата за фотографијата на младата Шани Лук која беше убиена од Хамас откако беше киднапирана од музички фестивал на 7 октомври во Израел. Фотографијата на Асошиетед прес која ги прикажува терористите на Хамас со претепаното тело на Сани Лук во камионет на фармер доби награда.
Наградите, кои се организирани од Новинарскиот институт Доналд В. Рејнолдс на Школата за новинарство во Мисури, се сметаат за најстар натпревар за фоторепортери во светот. При објавувањето на резултатите и победата на АП во категоријата Team Picture Story of the Year, организаторите на наградата ја објавија сликата од безживотното тело на убиената девојка Шани Лук на нивната страница на Инстаграм. Веста предизвика голема реакција на социјалните мрежи, при што некои ја критикуваа дискриминацијата и употребата на ликот на Лук како „безобразно сквернавење на еврејскиот живот“.
Congratulations to @AP for winning a Pictures of the Year award. How does it feel to do so on the back of Palestinian photojournalists who infiltrated Israel on Oct. 7 and took photos like the one below of Shani Louk’s dead body in a Hamas pickup?
Was @RJI bothered about that… pic.twitter.com/MSasc9yzVp
— HonestReporting (@HonestReporting) March 22, 2024
„Ова е едноставно погрешно и болно “, напиша еден корисник на социјалните мрежи, додека друг напиша: „Денес е црн ден за новинарството и за светот во целина“. „Семејството на жртвата од 7 октомври Шани Лук сака да биде запаметена жива и насмеана. Една од најголемите светски награди за фотоновинарство, управувана од RJI, ги наруши нивните желби доделувајќи и на АП награда за фотографија од нејзиното осакатено тело“, напиша еден корисник на X.
Сепак, се чини дека фотографијата оттогаш е избришана по реакцијата.
Шани Лук беше 23-годишна уметница за тетоважи со потекло од Германија и Израел. Таа беше меѓу луѓето земени како заложници од Хамас кога го нападнаа музичкиот фестивал во нападот на 7 октомври. Таа брзо стана едно од лицата на војната откако шокантните слики од нејзиното безживотно тело во задниот дел од камионот станаа вирални. Израелските власти подоцна потврдија дека младата жена била обезглавена од киднаперите.