ВИДЕО: Убиен новинар во продавница


Во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела убиен е новинарот Хаиме Васкез (54), се претпоставува дека причината е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој беше адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х.

Претседателот нареди „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Новинарот Хамес Васкез бил убиен во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Новинарот правеше емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборуваше за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

Негови пријатели рекле дека тој постојано добивал закани поради неговите откритија.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

 
16.04.2024 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега