Интердисциплинарен перформанс „Два пати Мери”

05.02.2024 10:57
Интердисциплинарен перформанс „Два пати Мери”

„Два пати Мери” е интердисциплинарен проект кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија.

„Два пати Мери” е интердисциплинарен проект кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација.

Целиот перформанс е инспириран од Македонски (и Балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат „мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни. Перформансот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка преку СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и е реализиран со поддршка од „Котур”.

Премиерата на перформансот ќе се одржи денес, 5 февруари, во кафе „Котур”, со реприза на 6 фрвруари 2024 година. Изложбата на фотографии ќе биде отоворена од 19 до 19:45 часот, а театарскиот перформанс ќе започне во 19:45 и ќе трае до 20:30 часот. На перформансот кој ќе се одржи во Скопје ќе настапат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а на перформансот во Прага улогите ќе ги играат актерите Виктор Бужаров и Иф Атанасова. Текстот е на Натали Спасова, поезијата на Иф Атанасова, музиката на Александар Бошков, а фото изложбата е на Филип Куновски.

Картите може да се набават онлајн на линкот.