Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје, приведени три лица поради поседување марихуана

Фото: Pexels/ Alexander Grey

Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе три лица кај кои била пронајдена марихуана.

На подрачјето на Бит Пазар вчеравечер бил приведен триесетгодишниот Е.Ш. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода триесетгодишниот К.Р. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Триесет и едногодишниот Р.Ќ. е истотака приведен откако кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаит против нив ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот