20 Мај, 2024
0.0268

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Херојот Гоце Делчев ќе добие биста во Албанија. 

Се финализираат подготовките за поставување биста на апостолот на македонскиот народ, Гоце Делчев, на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, по чија иницијатива се поставува бистата.

„Сите потребни активности се веќе завршени, деновиве ќе биде поставен постаментот а потоа и бистата, која ќе биде откриена на свеченоста што ќе се организира на 4 мај, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев. Голема благодарност до општината, советот и градоначалникот Пали Колефски, за поддршката што ја дадоа на нашето барање. Бистата е донација на нашата партија а автор на истата е Зоран Тошевски“, додава Стерјовски.

Деновиве во салата на Советот на општина Пустец се одржала јавна дебата за барањето, на која Стерјовски и потпретседателот на МАЕИ, Ефтим Митревски го образложиле значењето и симболот на поставувањето на бистата на Гоце Делчев за македонската заедница. Стерјовски потсетува дека во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража