Шкриељ за ТВ 24: Ние не ги менуваме ставовите без разлика дали ќе бидеме влада или опозиција

Санела Шкријељ од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека е јасна пораката од граѓаните и дека од партијата ја слушнале. Парламентарните избори допрва треба да се случат и било какви калкулирања или договори во овој момент, се потценување за гласот на граѓаните. – На некој начин се испраќа порака дека е неважно гласањето, дека партиите не врз принцип на вредности, туку врз принцип на распределба на функции ќе се договорат уште од сега. Неколку пати посочивме дека фокусот ни е на мобилизирање на нашето членство, на она што значи пат на државата кон ЕУ, нашиот став бил јасен. Ние не ги менуваме вредностите и ставови без разлика дали ќе бидеме влада или опозиција. По изборите на 8-ми мај ќе се согледаат резултатите и ќе се донесат заклучоци. - рече Шкријељ.