Рускиот претседател Путин домаќин на средбата со лидерите на земјите од Евроазиската економска унија

Рускиот претседател Владимир Путин во Москва беше домаќин на средба со лидерите на земјите-членки на Евроазиската економска унија.

На состанокот учествуваа Белорускиот претседател Александар Лукашенко, Казахстанскиот Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Жапаров, Ерменецот Никол Пашинјан и набљудувачите, Шавкат Мирзијоев од Узбекистан и Мигел Дијаз-Канел од Куба, кои се собраа во Москва на самитот.

„Русија високо ги цени заемно корисните, повеќеслојни врски со партнерите од ЕЕУ и ние искрено се стремиме кон понатамошна соработка за сеопфатен развој и зајакнување на нашата интеграција“, рече Путин.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, по средбата порача дека членовите на ЕЕУ треба да се насочат кон почитување на интересите на земјите-партнери и барање конструктивни решенија кои ги задоволуваат интересите на секоја земја-членка.

Само така, додаде, ќе може да се одржи ефективноста на функционирањето на ЕЕУ.

Тој порача дека неопходно е да ги концентрираат нивните напори за да се земат предвид националните приоритети на социо-економскиот развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот