logo
logo
logo

Израелска истражна комисија: Нетанјаху сноси одговорност за смртта на еврејските аџии во 2021

Vecer | 06.03.2024

Израелска истражна комисија: Нетанјаху сноси одговорност за смртта на еврејските аџии во 2021

-Дојдовме до заклучок дека премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси лична одговорност за таа трагедија, се наведува во извештајот на Комисијата.

Во извештајот се објаснува дека премиерот „знаел или требало да знае дека локацијата била слабо одржувана со години“ и дека може „да претставува ризик за многу учесници“ на аџилакот што се одржува таму секоја година за еврејскиот празник Лаг Б' Омер.

Нетанјаху, кој со своите услуги има одговорност да ги идентификува проблемите што претставуваат ризик за животите на луѓето, не дејствуваше како што би се очекувало, се додава во извештајот на комисијата.

Канцеларијата на државната контрола, одговорна за надзор на активностите на јавните институции, двапати предупреди, во 2008 и 2011 година, дека има недостиг од опрема на местото на аџилак на планината Мерон.

Четириесет и пет лица, вклучително и деца, загинаа во стампедо на 30 април 2021 година, за време на годишниот верски аџилак каде десетици илјади православни Евреи се собраа на планината Мерон на северот од земјата околу гробот за кој се верува дека е местото каде што бил погребан рабинот Шимон Бар Јохајџи. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk