Поучната приказна за Војдан и неговите родители е моќна порака за сите
Родителите на Војдан секоја година за време на летниот распуст го носеле кај баба му и дедо му и наредниот ден се враќале назад.
Но, еден ден момчето им кажало на родителите:
„Сега сум веќе голем – што велите годинава сам да отпатувам кај баба и дедо?“
Родителите по кратка дискусија се согласиле.
Потоа, стоеле на перонот му мавтале и му ги давале последните совети.
Момчето си мислело: „Знам, 100 пати ми кажавте...“
Пред самото поаѓање татко му го прегрнал и му шепнал:
„Сине мој, ако изненадно се почувствуваш лошо и исплашено – ова е за тебе...“ И му ставил нешто во џебот.
Момчето тргнало и за првпат во животот седело само во возот, без родителите.
Војдан набљудувал преку прозорецот, непознати луѓе се туркале, правеле врева, влегувале и излегувале од купето, кондуктерот го прашал дали е сам...
Дури му се причинило дека еден човек тажно го гледа.
Тогаш момчето се почувствувало непријатно, дури и почнало да се плаши.
Така се стуткало во седиштето и солзи му протекле од очите.
Во тој миг се сетило дека татко му му ставил нешто во џебот.
Со растресена рака ја пронашло стутканата хартија во џебот и прочитало: „Сине мој, јас сум во последниот вагон од возот“.
Поука:
Така е тоа во животот, мора да ги пуштиме своите деца и да им веруваме, но засекогаш да бидеме тука некаде во последниот вагон, доколку им притребаме, да го знаат тоа и да не се плашат.
Извор / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





