Се намалува бројот на запишани ученици во основните и средните училишта

Исчезнуваат македонските деца, нема кој да ги пополни училишните клупи, бројот на ученици во образовните институции секоја година е со тренд на опаѓање. Бројот на паралелки за една година се намалил од 11.057 на 10.997, затворени биле 14 основни училишта.

Овие податоци од извештајот на државен завод за статистика потврдуваат дека дека цели семејства со деца на училишна возраст ја напуштаат Македонија. 

- На крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. - велат од Државниот завод за статистика.

Ништо не е подобра ситуацијата и во средното образование таму во учебната 2021/2022 имало 3509 паралелки кои за една година се намалиле за 49 кога во 2022/2023 имало 3460, но овде бројот на средни училишта останал непроменет 129. 

- Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година. велат од Државниот завод за статистика.

Не се изненадени и граѓаните за состојбата во училиштата како што тргнала работата школите ќе останат сосема празни.

Спротивно на намалувањето кај учениците има пораст кај бројот на наставници во основното образование каде има пораст за 283 наставници, односно од 19 326 на 19 609, додека пак во средните училишта има мало намалување од 7 219 во 2021/2022 на 7 164, 55 помалку во учебната 2022/2023.