Одлуки од 9. седница на Влада

 Владата на Република Македонија, на синоќа одржаната 9. седница, го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Како што соопштија од владината прес-служба, меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршка на националните весници кои имаат сериозни проблеми со големите трошоци за печатење и дистрибуција, како последица на високата цена на хартијата и на зголемувањето на цените на горивата, а имајќи предвид дека медиумите имаат голема улога во развојот на демократските капацитети на државата, унапредувањето на економијата, развојот на етичките норми и стандарди на новинарството, придонесот кон отворање дебати за прашања од јавен интерес.

Со измените и дополнувањата, како што е образложено од предлагачот, Министерството за информатичко општество и адиминистрација, се уредуваат: еднократна финансиска помош што печатените медиуми би ја добивале од страна на Владата на Република Македонија; начинот на објавување на јавниот повик до печатените медиуми, како и процентуалниот износ којшто Владата ќе го покрие во делот на трошоците за печатење и дистрибуција на весниците; правото на учество и условите коишто треба печатениот медиум да ги исполнува; а се предвидува и основање Комисија којашто е надлежна да одлучува по однос на поднесените барања.

Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми. Но, со денеска утврдениот текст на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, ова прашање се предлага да се уреди преку системско решение, како дел од Законот за медиуми. Предлог текстот се испраќа на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Владата на вчерашната седница донесе и одлука да огласи како ништовни - одлуки, коишто, според информацијата од дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, се донесени еднострано, односно само од министерот за труд и социјална политика.

Станува збор за поништување на решение за разрешување директор на ЈУ Центар за социјална работа – Кочани и за именување нов в.д. директор на оваа установа, на што Владата има право, како второстепен орган, согласно Законот за општа и управна постапка.

Согласно Законот за Влада на Република Македонија, дополнителниот заменик на министерот за труд и социјална политика, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи. А, ако актот или документот е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана, за донесување Одлука за формирање Управен комитет за спроведување на поддршката на Република Македонија како земја домаќин и донесе ваква Одлука.

Република Македонија, како што е посочено во Информацијата од ресорното министерство, почитувајќи ги обврските од членството во НАТО, потребно е да воспостави национален систем за Поддршка од земја домаќин, што подразбира создавање услови за непречен престој, изведување на операции или транзит на сојузничките сили низ територијата на Република Македонија.

Правилното функционирање на системот за ПЗД е од клучно значење за одбраната на земјата и кредибилитетот на државата како сојузник и партнер.

За почеток е идентификувана потребата од донесување на Упатство за поддршка од земја домаќин, со што ќе се воспостави систем на активности во поддршка на НАТО и партнерите на територијата на Република Македонија.

Според Упатството, НАТО/ЕУ силите ја користат ПЗД како извор на снабдување со стоки и услуги, коишто земјата домаќин ги обезбедува врз основа на националното законодавство, националните приоритети и актуелните можности.

За сето ова да се реализира, потребно е формирање Управен комитет за спроведување на поддршката на Република Македонија како земја домаќин.

Владата ја разгледа и усвои и Информација од Министерството за одбрана за потребата од доделување на договор влада со влада, за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави. Притоа е утврден усогласен текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Amendment 1 to Letter of Offer and Acceptance ) MK-B-UCF JAVELIN - JLTV, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

Со синоќешната владина одлука, се посочува, е продолжена веќе започната постапка за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, наменети за пешадијата од составот на лесната пешадиска баталјонска група.

-Одлуката е во насока на определбата за Министерството за одбрана за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО и во тие рамки опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника, односно лесни оклопни возила на тркала, што како проект е предвидено да се реализира во периодот од 2019 - 2027 година, стои во соопштението.

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

Шолц ги посети поплавените региони во југозападниот дел на Германија

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Неколку згради во градот се евакуирани бидејќи куќи и подруми се поплавени. Автомобилите беа делумно потопени, а улиците се наполнија со вода.

Градот воспостави алтернативно сместување во училиштата и телефонска линија за погодените од поплавите.

Засега нема информации за точниот обем на штетата, ниту пак пријавени жртви.

Повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар наврнаа во Сар за помалку од 24 часа, според вчера објавените податоци на германската метеоролошка служба. /МИА

притисни ентер