АРМ ќе потроши 230 милиони евра за осум хеликоптери

АРМ до крајот на 2028 година ќе го дополни воздухопловниот ВИНГ со нови осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо Хеликоптерс“.

Министерството за одбрана тоа ќе го чини околу 230 милиони евра во следните четири години. Оваа година, според договорот, Македонија ќе треба да исплати 16 отстo.

Станува збор за четири хеликоптери од типот АW149 и четири од Типот АW169M, првиот треба да пристигне во втората половина на 2026-та година.