Високиот
претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел денеска изјави
дека Блискиот Исток е „на работ на бездната“ и повика на деескалација на
конфликтот меѓу Израел и Иран.
„Ние сме на работ
на пропаст и мораме да се оддалечиме од неа. Мораме да притиснеме на
сопирачките и да се вратиме наназад“, изјави тој за шпанското радио Onda Cero.
Борел наведува
дека очекувал одговор на Израел на невидениот воздушен напад на Иран, но се
надева дека тоа нема да предизвика дополнителна ескалација.
Тој оцени дека
„можеби некој е заинтересиран“ за избувнување на поширока регионална војна на
Блискиот исток, што би го оневозможило запирање на воените операции во Појасот
Газа.
Иран лансираше
стотици беспилотни летала и проектили кон Израел во саботата вечерта, како
одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа
седум офицери на иранската револуционерна гарда, меѓу кои и двајца високи
команданти, Израел ја отфрли одговорноста за нападот на 1 април.