Со експлозив разнеле банкомат - неуспешен обид за грабеж во скопски Бутел

Четири лица дошле со возило, поставиле експлозив на банкомат но до парите не дошле.

Безуспешен обид за грабеж во населбата Бутел рано утринава. Банкоматот бил поставен на паркинг пред маркет на улицата Христијан Тодоровски Карпош. Полицијата во координација со обвинителството неколку часа вршеше увид на самото место додека тој дел од улицата беше затворена за сообраќај.

Обидот за грабеж бил неуспешен. Од силната експлозија уништен е целиот банкомат а оштетени се и неколку возила.

Колкави се штетите и дали во банкоматот имало пари ќе се знае откако ќе заврши увидот. Од полицијата засега не откриваат повеќе детали.

-Во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен обид но со успех имаше во декември во Топанско поле. Тогаш најмалку четворица разбојници поставија експлозив на четири банкомати на различни банки и украдоа поголема сума на пари, а чуварот на паркингот пред трговскиот центар беше нападнат. За сега нема информации дали и овој случај е целосно расчистен.

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер