Гир: Помалку употреба на европското знаме, но и блокади на законите во Собранието

Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани.

Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме".

-Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани, вели Дејвид Гир во интервју за „360 степени"

Амбасадорот на ЕУ во земјава е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Македонија и Бугарија, но вели дека не сака да влезе во „игра на датуми" за тоа кога би се случила деблокада на пристапниот процес на земјава.

-Она што го гледаме во изминатите месеци, од јануари наваму, е нова динамика во односите. Има работни групи, интензивирање на контактите што е многу охрабрувачки. Ова е добро, ова е позитивно, сакаме тоа да продолжи, да се одржи „моментот" за овие прашања да се надминат и потоа да се отворат пристапните преговори, што е можно побрзо, вели евроамбасадорот.

Тој го пофали раководството на земјава за, како што вели, јасниот и недвосмислен став во изразената солидарност со Украина и со нејзиниот народ, притоа демонстрирајќи не само посветеност на насоките на ЕУ и поставувајќи се на иста линија со санкциите на ЕУ, туку и правејќи многу јасен морален избор. Посочува при тоа дека настаните во Украина уште еднаш покажале што значи европската перспектива, која вели, нуди најдобра надеж за сите нас, за демократска иднина, за побезбедна, постабилна и попросперитетна иднина.

-Секако, има чувство на итност за тоа, зашто гледаме драматични настани во Украина. Но, таа итност не мислам дека ја менува основната методологија поврзана со пристапниот процес, а тоа е реформата. Темпото на самите реформи е за подготвување на оваа земја и другите држави кандидатки за членство во ЕУ. Тоа значи дека треба да се осигураме дека има систем на владеење на правото, систем кој спречува корупција, бизниси кои имаат можност да се натпреваруваат во единствен пазар од 450 милиони консументи кој е многу натпреварувачки пазар, дека луѓето може да се натпреваруваат на пазарот на трудот со вистински вештини и работни позиции. Тоа значи подготвување за членство и затоа не гледам скусување на процесот за спроведување реформи, зашто тоа не е во ничиј интерес и треба да се осигуриме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка, порачува амбасадорот Дејвид Гир.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер