ФОТО | Грчки остров на кој најдобро се јаде: Неговата убавина ја надминува и онаа на Санторини, а е пошармантен и помирен
Еден остров на Медитеранот е скриен скапоцен камен на грчките Киклади.
Тој е исто толку убав како и луксузните дестинации како Санторини и Миконос на кои во текот на летото се неподносливи метежи, што го прави идеална опција за оние кои бараат потивок одмор и хедонистичко искуство.
Станува збор за Сифнос.
Сместен во западниот дел на Кикладите, Сифнос е карактеристичен по својата традиционална архитектура, кулинарска сцена и неверојатните плажи.
Сифнос исто така се смета за помирна и поопуштена алтернатива на популарните грчки острови како Родос, Санторини, што го прави добар избор за семејства со деца или парови кои бараат приватност.
Неодамна „заработи“ место меѓу најдобрите 20 острови во Европа според читателите на „Си-ен травелер“.
Незаборавно хедонистичко искуство
Сифнос е познат по својата исклучителна гастрономска понуда, поради што е окарактеризиран како „највкусниот грчки остров“. Повеќето од традиционалните јадења на островот се направени од едноставни, локални состојки кои бавно се готват во печки на дрва.
Традиционалните рецепти кои можете да ги пробате таму се, пред сè, „mastrelo“, јагнешко маринирано во црвено вино и копар, зготвено во специјален глинен лонец по кој и го добило името.
Традиционално се служи вечерта на голема Сабота, за време на православниот Велигден.
Пробајте и „revithada“, супа од леблебија, готвена преку ноќ во печка на дрва, во глинени лонци за готвење наречени „skepastaria“. Традиционално се служи по неделните богослужби. Не го пропуштајте и локалното сирење „manoura sifnos“.
На островот има дури 360 цркви
На Сифнос има дури 360 острови, најмногу од сите острови во Егејското Море. Најпопуларни се црквите на Седумте маченици, каде се венчаат многу парови, а еден од најважните манастири е Панагија Хрисопиги.
Нереални плажи
Покрај кујната и прекрасните цркви и локалитети, островот може да се пофали и со прекрасни плажи. Некои од најпопуларните и најубавите се: Хрисопиги, Пулати, Фарос, Платис Гиалос, Камарес и други.
Туристите сè повеќе го посетуваат
Иако се смета за мирен остров, забележано е дека сè поголем број туристи го избираат токму Сифнос наместо другите острови во Грција. Во текот на 2022 и 2023 година се забележани рекордни туристички бројки.
Како да стигнете до островот Сифнос?
До Снифос можете да стигнете така што со автомобил или со авион ќе одите до Атина, а потоа со траект од пристаништето Пиреја до Сифнос.
Сифнос е поврзан и со други острови со траект, вклучувајќи ги Серифос, Китнос, Милос, Наксос, Санторини, Наксос, Парос и уште многу.