Едно дете е во критична состојба и два пати е реанимирано, а во болницата во Прокупље досега влегле пет возила на брза помош, се најновите детали од местото на несреќата што се случи денеска на панаѓурот во Куршумлија, кога се откачи рингишпил.
Несреќата се случила околу 13:30 часот, а според првичните информации, повредени се дванаесет деца, од кои едно е критично.
Според информациите од местото на несреќата, многу луѓе се повредени откако во раните попладневни часови пукнал рингишпилот во Куршумлија.
<span style="color: rgb(0, 0, 0); font-family: sans-serif; font-size: 17.6px; text-align: justify;">Денеска во овој српски град има панаѓур, па рингишпилот бил поставен на платото кај автобуската станица.</span>