Украинскиот министер за земјоделие осомничен за корупција

Илустрација: Жито / Фото: Ashraf Amra / Zuma Press / Profimedia

Украинската антикорупциска агенција го третира министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во истрагата за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од околу 7 милиони долари, објавија денеска украинските медиуми.

Министерот и неговото министерство одбија да дадат итен коментар, по барањето на Ројтерс. Солски ја надгледуваше индустријата за жито за време на војната со Русија по неговото назначување во март 2022 година.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави во соопштение дека открила шема на вршителот на должноста министер за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од 291 милион гривни (7,35 милиони долари).

Солски не беше именуван во изјавата, но украинската агенција рече дека осомничениот е поранешен претседател на парламентарната комисија за земјоделски прашања, позиција која Солски ја имаше пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Во изјавата се истакнува дека планот вклучува дополнителен обид за се здобијат со земјиште во вредност од 190 милиони гривни.

Доколку биде потврдено, тоа ќе биде првпат министер во владата на Володимир Зеленски да биде именуван како осомничен во корупциски случај.

Извештаите дојдоа во време на зголемени шпекулации за неизбежна реконструкција на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот