Шаќири за ТВ 24: Од ДУИ имавме многу притисоци на овие избори

Ријад Шаќири од „Влен“ во емисијата 24 Отворено рече дека тие како коалиција „Влен“ имале добар успех на претседателските избори зошто се бореле за секој албански глас.

- Во нашиот состав имавме претежно таргет на албанските гласови кои требаше да бидат истакнати во делот на политичкото делување. Од страна на ДУИ имаше разни притисоци во делот на злоупотреба на избирачкиот список, полнење на гласачките кутии. Од надлежните органи нема никаква мерка и тоа е многу симптоматично. На денот на изборите почнуваме од нула и ќе видиме каков ќе биде текот, тоа е релативна работа. Граѓаните ќе одлучат кој со кого ќе коалицира. - рече Шаќири