Во Италија чистачка случајно се ослободила од стар и истрошен душек во кој се криело вистинско мало богатство: накит и пари во вредност од околу 50.000 евра. Сè се случило во италијанскиот град Монтебелуно, на околу 67 километри северозападно од Венеција.
Чистачката била убедена дека стариот и истрошен душек е подготвен за отпад, пишува италијанскиот дневен весник „Трибуна ди Тревизо“.
Така го однела душекот од гаражата на сопственикот, пензионер, на депонија. Меѓутоа, она што не го знаела е дека старицата во неа криела пари, кредитни картички и семеен накит, пренесува Феникс.
Старицата само неколку часа подоцна забележала дека душекот го нема. Нејзината ќерка веднаш повикала полиција.
Надлежните заедно со вработените во локалната агенција за заштита на животната средина веднаш се упатиле на депонијата. Потрагата првично била неуспешна, но по еден час, душекот бил пронајден во контејнер – заедно со готовина, кредитни картички и накит.