Белами и Дејвис: Македонија е опасна од контри, мора да ја сопреме таа игра

Фудбалската репрезентација на Велс непосредно пред тренингот пристигна во Скопје и одржа прес-конференција пред мечот со Македонија. Тренерот Крег Белами говореше пред медиумите и го најави дуелот кој е втор од квалификациите за СП 2026.

„Најпрво, сакам да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради ситуацијата. Тешко е да се зборува за фудбал во ова време. Македонија е голем предизвик, а лигата Ц е поинаква од лигата Б. Ми се допадна мечот кој Македонија го одигра со Хрватска, контранападите им се силна страна и сигурно е дека ќе биде интересен меч. Плус, Македонија ќе биде многу мотивирана“, изјави Белами.

На конференцијата беше присутен и Пет Дејвис, кој ги посочи контрите како главно оружје на нашиот национален тим.

„Свесни сме дека во Македонија се случи голема трагедија. Разговаравме како тим, покажавме максимална почит. Освоивме три бода против Казахстан, имавме добар старт на квалификациите, секако дека имаме работи кои треба да ги поправиме, но се надеваме на добар меч во Скопје. Последните денови направивме анализа на Македонија, се работи на тим кој има добри контри. Ќе мора да ги запреме и добрите индивидуалци на тимот.“, изјави Лоренс.

Натпреварот меѓу Македонија и Велс се игра во вторник од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.