Регион

Србија: Во март забележан пораст на малопродажбата од 6,6%

07 мај 2024

Малопродажбата во Србија во март забележа пораст од 6,6% на годишна основа, по порастот од 8,8% во февруари, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

На месечна основа, во март малопродажбата е зголемена за 12,2 отсто, по падот од 0,3 отсто во февруари.

Малопродажбата со храна, пијалаци и тутун во овој период е зголемена за 7,5%, наспроти порастот од 9,2% во февруари.

Малопродажбата со непрехранбени производи бележи пораст од 6,2%, а кај горивата пораст од 5,3%.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pixabay



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...