Македонија

Над 2.500 производи чекаат ограничена маржа

15 мар 2024

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска истакна дека списокот на производи кои ќе имаат ограничена маржа произлезена од законот за нефер трговски практики е веќе подготвен и ќе биде испратен до бизнис заедниците кои ќе имаат 10 дена да го кажат своето мислење и да дадат свои сугестии за тоа кои производи треба да се најдат на списокот.

Бектеши посочи дека предложениот список кој содржи над 2.500 земјоделски и прехранбени производи можат да го добијат сите заинтересирани и најави и построги мерки доколку се случи и покрај договорот драстично да се зголемат цените.

Ако имаме големо зголемување на цените, пред сѐ, на прехранбените производи, ќе ѝ предложиме на владата мерки, но верувам дека трговците, посебно големите синџири, ќе бидат општествено одговорни и нема да ги зголемат цените. Ние ќе донесеме мерки во корист на граѓаните. Не би сакал да ги кажам опциите кои би биле преземени, бидејќи тие се носат по направени анализи. Сепак, ќе кажам дека во опција се: замрзнување цени, воведување посебни услови на одредени трговци и затворање на синџири на супермаркети кои би се однесувале спротивно, истакна министерот Бектеши.

 

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...