Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Активистка за право на абортус на простест во Мајами, Флорида / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Гугл на Алфабет Инк ќе ги избрише податоците за локацијата на посетителите на клиниките за абортус поради стравувањата дека дигиталниот отпечаток од прст би можел да ја информира американската полиција за нелегални абортуси, објави гигантот за пребарување на интернет.

Државните закони кои го ограничуваат абортусот стапија на сила откако Врховниот суд на САД минатиот месец пресуди дека абортусите не се повеќе гарантирани со уставот.

Технолошката индустрија е загрижена дека полицијата би можела да добие налози за пристап до историјата на пребарување на клиентите, геолокацијата и други информации што ги откриваат плановите поврзани со бременоста.

Гугл соопшти дека ќе продолжи да се бори против несоодветните или прекумерните владини барања за пристап до податоци, без конкретно да ги спомене абортусите.

Компанијата вели дека историјата на локација на корисниците е стандардно исклучена.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот