[ВИДЕО] Пита од тиквички која може да се јаде во било која доба од денот: Брзо ќе ве засити, а е нискокалорична

Точка

12/04/2024

21:22

10.760

Големина на фонт

а а а

Доколку барате нискокалоричен оброк, оваа пита со тиквички е вистинското решение за вас.

Потребни состојки:

- 2 тиквички
- 4 јајца
- 200 мл. јогурт
- 30 мл. масло за јадење
- сол, бибер, оригано, куркума или кари
- 4 лажици палента
- 4 лажици пченично брашно (или интегрално, 'ржано, јачменово...)
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици семки: сусам, лен, тиква, чиа, ким
- 200 гр. сирење

Подготовка: Тиквичките исечкајте ги на кругови, посолете ги и оставете ги 15 минути да отстојат. Потоа процедете ги, па додајте ги во изматените јајца, јогурт, масло за јадење и сирење. Додајте го брашното, прашокот за пециво, палентата и семките, а потоа и зачините и солта.

Измешајте сè и истурете во плех за печење, а одозгора можете да додадете парчиња кашкавал или моцарела. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 40 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг