Cupra Tavascan е првиот модел на таа листа

Volkswagen од 2024 година ќе започне со увоз на електрични возила во Европа, а кои ќе се произведуваат во Кина. VW ова потврди кон крајот на минатата недела, откривајќи дека брендот Cupra ќе започне со производство на Tavascan во заедничката фабрика со кинескиот ЈАС во Анхуи, Кина.

„Фабриката Анхуи беше фабрика со вистински капацитет и технологија во времето на планирањето на производството“, велат од VW. 

Во продажбата на „кинески“ електрични возила во Европа, Volkswagen ќе им се придружи на Tesla, BMW и Renault кои го прават истото со Model 3, iX3 и Dacia Spring. Bloomberg забележува дека производителите на автомобили наскоро ќе продадат 800.000 возила од кинеско производство низ Европа.

Cupra Tavascan беше претставен како концепт уште во 2019 година, но нема да се појави на пазарот се до 2024 година. Електричниот теренец ќе се базира на MEB платформата на VW и се очекува да има пар електромотори кои заедно ќе испорачуваат 302 КС. Овие мотори ќе се напојуваат од батерија од 77 kWh, а електричниот модел би требало да може да достигне 100 km/h за 6,5 секунди и да вози 450 km со едно полнење според WLTP.

Иако овие бројки се речиси идентични со моделите ID.4 и ID.5 GTX, Tavascan сака да се истакне со многу подраматичен изглед многу блиску до изгледот на оригиналниот концепт.

Концептот веднаш остави впечаток на Саемот за автомобили во Франкфурт 2019 година, благодарение на агресивната предна табла во која доминираат јаглеродни влакна и двата големи доводи за воздух. Импресионираат и острите LED фарови, драматичната линија на покривот и високиот заден дел со LED задни светла, LED светлосната лента и браникот од јаглеродни влакна.