05 Мај, 2024
0.0239

Јапонија и Холандија ќе им се придружат на САД во ограничувањето на извозот на чипови во Кина

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Јапонија и Холандија наскоро ќе им се придружат на САД во ограничувањето на извозот на опрема за производство на полупроводници во Кина.

Разговорите меѓу земјите ќе завршат најрано во петок, а Холандија ќе ја ограничи продажбата на ASML на Кина на машини што се користат за производство на одредени видови напредни чипови.

Холандската компанија ги произведува машините во Европа, со малку американски делови, но американската министерка за трговија Џина Раимондо на 3 ноември рече дека очекува сојузничките земји, вклучително и Холандија, да ја следат американската политика.

Јапонија ќе воведе слично ограничување за Nikon.

Извори велат дека договорот меѓу холандските и американските официјални лица би можел да биде постигнат до крајот на месецот. Претставниците на двете земји ќе разговараат во петок во Вашингтон.

Тоа сценарио би претставувало голема дипломатска победа за администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, која во октомври најави опсежни санкции за пристапот на Кина до американската технологија за производство на чипови за да го ограничи кинескиот технолошки и воен напредок.

Без јапонска или холандска соработка, американските компании би биле во неповолна положба.

- Разговаравме со САД и другите земји за режимот на контрола на извозот“, изјави за новинарите во петокот Јасутоши Нишимура, јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија. Сите мерки ќе ги спроведеме согласно нашиот Закон за девизно работење и преку меѓународна соработка - додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години