Федерико Киеза следната сезона од Јувентус во ривалот Рома?!

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и неизвесноста околу продолжувањето на договорот, Јувентус неодамна реши да ги слушне понудите за италијанскиот репрезентативец, а сега првата вест за конкретен интерес на големиот ривал – Рома.

Во печатеното издание на „Тутоспорт“ се наведува дека раководството на „волчицата“ е многу заинтересирано за соработка со ѕвездата на „Старата дама“, а особено интерес доаѓа од тренерот на Рома, Даниеле Де Роси.

Де Роси неодамна го продолжи договорот и ќе ја води Рома и следната сезона, а како прв чекор за засилување на тимот го гледа доаѓањето на херојот на Италија од претходното Европско првенство.

Киеза пред три години го одигра фудбалот на својот живот на шампионатот на Стариот континент, а со два гола на седум натпревари, тие лидерски карактеристики на теренот ги доведоа „Азурите“ до титулата.

Де Роси потоа работеше како помошник на Роберто Манчини и имаше можност да се запознае со квалитетите на 27-годишниот напаѓач и е импресиониран од неговите квалитет.

Доколку Јувентус не се договори за продолжување на договорот со Киеза по летото 2025 година, најверојатно ќе биде принуден да го продаде ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот