logo
logo
logo

Ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис

Vecer | 27.01.2023

Ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис

Рајли Кио, ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис посветена на нејзината мајка која почина на 54-годишна возраст. Но таа немаше сила за тоа, па нејзината порака ја прочита нејзиниот сопруг Бен Смит-Петерсон, кој откри непознат детаљ од нивниот живот.

„Се надевам дека ќе можам да ја сакам мојата ќерка онака како што ти ме сакаше мене, како што ги сакаше мојот брат и сестри. Ти благодарам што ми даде сила, што ми го даде срцето, што ме научи на емпатија, на манири, на храброст, што ми ја даде смислата за хумор, темпераментот , мојата дива природа, упорноста... Јас сум производ на твоето срце, моите сестри, мојот брат се производ на твоето срце - изјави Смит Питерсон читајќи го говорот на својата сопруга, а пренесе „Пипл“.

Ќерката и зетот на Лиза Мари Присли со ова открија дека станале родители, а јавноста тоа не го знаеше.

Актерката Рајли Кио не откри кога се породила, ниту го откри името на ќерката, но за американскиот магазин „Пипл“ било потврдено дека девојчето се родило минатата година.

Лиза Присли ја доби ќерката Рајли со поранешниот сопруг Дени Кио. Во тој брак таа го доби и синот Бенџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година. Пејачката беше погребана покрај  нејзиниот син и нејзиниот татко, на имотот на славниот Елвис Присли во Мемфис.

Во бракот со Мајкл Локвуд, таа ги доби близначките Харпер и Финли, кои присуствуваа на комеморацијата. Лиза исто така беше во брак со Николас Кејџ и Мајкл Џексон.

Нејзиниот брак со Локвуд беше многу турбулентен, тие имаа судски спор поради парите. По нејзината смрт тој ќе се грижи за нивните ќерки.

Пејачката живеела со поранешниот сопруг Дени Кио, кој бил со неа кога на 12-ти јануари доживеала срцев удар во домот во Калифорнија. Таа била префрлена во болница, но набргу починала.

На комеморацијата на Лиза Присли, настапија Аланис Морисет, која ја изведе песната „Rest“, и Аклс Роуз кој ја отпеа „November rain“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk